Темен режим Режим на светлина

Слаб земјотрес утрово е регистриран во близина на Скопје, објави ЕМСЦ

Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, потресот е регистриран во 5:49 часот, според македонско време, а епицентарот бил на осум километри северо-западно од главниот град на земјава, на границата меѓу С Македонија, Косово и Србија.

Земјотресот бил на длабочина од осум километри.

Засега нема информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факулет во Скопје за јачината и локацијата на потресот.

Инаку, земјотрес со јачина од два степени според Рихтеровата скала беше почувстуван пред три дена, односно на 4 ноември вечерта, исто така, во близина на Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Продолжува периодот на стабилно и сончево време со студени утра

Следна објава
Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

Лидија Георгиевска нов претседател на Вишиот управен суд