Темен режим Режим на светлина

Словенија под вода

По невремето во Словенија, ситуацијата се уште е критична во некои делови од земјата. Во општината Чреншовци, кај селото Долна Бистрица попуштил дел од насипот и, иако пожарникарите успеале да ја пренасочат водата, синоќа повторно се огласиле сирените и била наредена евакуација на околу 500 лица, објави Н1 Словенија.

Во меѓувреме, во текот на ноќта реката Мура повторно почнала да расте, а командирот на тамошната противпожарна единица Мирослав Вук изјавил дека „сите можности се отворени во негативна насока”. Пожарникарите во текот на изминатата ноќ успеале делумно да го затрупаат отворот на насипот со бетонски блокови, па брзиот тек е донекаде запрен. Но, Вук вели дека се се побеспомошни.

Од друга страна, отворот што го направила Мура на браната се зголемува, па надлежните стравуваат дека ако водата почне да го носи тлото ќе дојде до рушење на браната и водениот бран мое да зафати десетина села. Мура, според нив, го достигнала највисокото ниво во последните неколку децении. Одделението за хидролошка прогноза на Словенечката агенција за животна средина (АРСО) очекува во наредните часови да се стабилизира нејзиниот проток, но се уште нема да опаѓа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Италијански мафијаш уапсен по 11 години во бегство, објавил фотографија од фудбалски натпревар

Следна објава

Ковачевски: Четири нови инвестиции во обем од над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори