Темен режим Режим на светлина

Со балансерот поедници стекнуваа султанска моќ, рече Сиљановска Давкова за укинувањето на политичкиот инструмент за вработување во администрацијата

Со балансерот поедници стекнуваа султанска моќ, рече Сиљановска Давкова за укинувањето на политичкиот инструмент за вработување во администрацијата Со балансерот поедници стекнуваа султанска моќ, рече Сиљановска Давкова за укинувањето на политичкиот инструмент за вработување во администрацијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно бидејќи водел кон корупција и криминализација, а назначувањето на највисоките позиции било лоцирано во рацете на поединци и тие стекнувале енормна, речиси султанска моќ.

-Не го укинавме балансерот затоа што така сакавме, туку затоа што тоа беше наведено во извештајот – рече Сиљановска Давкова по отворањето на „Генералка викенд“.

Во однос на нејзините очекувања за односите со новата влада на Бугарија, Сиљановска Давкова изјави дека очекувањата треба да се упатат до новата бугарска влада и премиерот Румен Радев, посочувајќи дека бугарскиот народ очекува стабилност, реформи и борба против корупцијата и криминалот.

– Јас секогаш разговарам bona fide, но дали ќе има подобрување на односите ќе зависи од соговорниците – рече таа, осврнувајќи се и на средбата со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која, како што оцени, била пријателска, инспиративна и ветувачка кога е надвор од секојдневниот политички контекст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СВР Битола со засилено присуство во основно училиште

СВР Битола со засилено присуство во основно училиште

Следна објава
„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

Уапсен возрасен скопјанец, допирал малолетна сосетка