По заканувачките пораки што ги испратил ученик од седмо одделение, во ООУ „Стив Наумов“ ќе бидат воведени засилени безбедносни мерки, а училиштето ќе го обезбедуваат и полициски службеници во цивил.
Од СВР Битола информираат дека мерката е преземена со цел да се гарантира безбедноста на учениците и наставниот кадар, како и да се спречат евентуални инциденти.
Надлежните институции веќе работат на расчистување на случајот, а се вршат проверки и разговори поврзани со содржината и потеклото на пораките.
Од училиштето и полицијата апелираат да не се создава паника, посочувајќи дека ситуацијата е под контрола и дека безбедноста на учениците останува највисок приоритет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




