Темен режим Режим на светлина

Со фалисификувана дозвола за повеќе категории возел низ Белгија

Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

Имено, Е.З. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „В”, „F”, „G” и ,,M” и ја употребил при управување возила во Кралството Белгија.

Поради сторен сообраќаен прекршок во Белгија, на Е.З. му била одземена дозволата и доставена до надлежните служби во државата, по што било утврдено дека е фалсификувана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Син се заканил со нож на татко му, па го претепал

Следна објава

Пронајдено починато лице кај „Теферич“ во Кисела Вода