Темен режим Режим на светлина

Македонија подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите

Македонската министерката за одбрана Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите.

За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа синоќа социјалните мрежи.

-Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме во справувањето со пожарите кои го имаат зафатено нашиот сосед и сојузник во Алијансата. Се согласивме дека како соседи, но пред сѐ како пријателски и сојузнички земји, многу е важно взаемно да си помагаме, напиша на Фејсбук министерката Петровска.

Дендиас, преку Твитер информираше дека имал телефонски разговор со Петровска во кој го информирала „за подготвеноста да се пружи помош на земјата за справувањето со разорните пожари“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер

Следна објава

Орканско невреме во Србија, Хрватска, Словенија и БиХ, дете загина во Нови Сад