Темен режим Режим на светлина

Тренчевска: Зголемувањето на платите во јавниот сектор за 10 отсто нема да важи за функционерите

Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

-Функционерите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во гостување на ТВ Канал 5.

Таа нагласи дека зголемувањето на платите на функционерите не е со одлука на Владата, туку со одлука на Уставен суд која не се коментира и само се спроведува.

-Како Влада бараме начин да се намалат платите на функционерите, но не може тоа да го спроведеме само со наша одлука, туку е потребна и одлука на Собранието. Покрај тоа, со одлуката на Уставен суд за 78 отсто се зголемени и платите на градоначалниците, рече Тренчевска.

Оцени дека зголемувањето на платие за 10 отсто од септември за јавната администрација е најголемо досега барем од 2003 година откога и таа е во јавната администрација.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов посочи дека зголемувањето од 10 отсто можеби не е доволно, но е добра основа за понатаму.

-Сега јавната администрација ќе има предвидливост и ќе знае дека во иднина ќе растат нивните плати, рече Трендафилов.

Министерката истакна дека со зголемување на платите ќе се бара и зголемување на продуктивноста на јавната администрација, на што Трендафилов и одговори дека нема лоши и непродуктивни работници, туку само малку платени работници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Ковачевски и СДСМ ги следат и масовно ги прислушкуваат граѓаните, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Следна објава

Ни бапнаа ултиматум, ама: Може ли за 7 месеци да се сменат над 800.000 пасоши и други документи?