Одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс”, која ќе трае три дена ќе започне на 14 март со богослужба во храмот „Св. великомаченик Георгиј” , а ќе продолжи на Градските гробишта ќе биде одржан опело за жртвите од трагичниот пожар.
На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности.
Предвидена е рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели”, на релација на Пониква.
Истиот ден, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.
На 16 март е централното одбележување на кочанската трагедија, а во пред објектот „Пулс” ќе се одржи настанот „Светлина што останува”.
Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 март ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи”, со муралот „Ѕид на сеќавање”, посветен на жртвите.






