Темен режим Режим на светлина

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Времето во наредните денови

До вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Муцунски на средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Следна објава
УХМР го одбележува Светскиот ден на водата, Македонија изобилува со водни ресурси, но дали доволно се грижиме за нив?

Дел од Центар денеска без вода