Сончево и топло во текот на денот, од вечерва нов влажен и постуден бран

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
Кон крајот на денот во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне низ Повардарието на места ќе засилува.
Под влијание на нов влажен бран од вечерва и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Пообилни врнежите ќе бидат во северозападните и источните делови од државата.
Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник ќе има снег и на некои пониски места.
Синоптичарите за понеделник и вторник најавуваат силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за седум до девет степени. Од вторник ќе преовладува постудено време со повремено зголемена облачност и појава на локални врнежи од дожд и снег.

Претходна вестЗаклучувањето во Грција продолжено за уште најмалку 10 дена
Следна вестУште еден земјотрес регистриран во околината на Тетово и Гостивар