Темен режим Режим на светлина

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Врмето денес ќе биде претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје наутро во делови од котлината магливо, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево и топло за овој дел од годината. До вторник значително потопло ќе биде на планините. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и таму температурата преку денот ќе биде за неколку степени пониска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Следна објава

МЗТ подобар од Студентски во АБА лигата