Темен режим Режим на светлина

Состојба со пожарите: Старите се гаснат, но се појавуваат нови, за среќа не се опасни

На потегот меѓу селата Барово и Вешија избувнат е пожар на мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума. Станува збор за непристапен терен, а во моментов интервенират две теренски возила, една цистерена на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ  од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија. По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери, соопшти на денешна прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вчкова.

Се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, во општина Сарај, при што на три-четири места се забележува чадење на самиот срт и по сртот на планината Осој.

Пожарот кај село Дивље и село Крушија е ставен под контрола и само на одредени места се забележува чадење.  

 

Веќе е изгаснат пожарот што избувна во текот на утринските часови на месноста викана Градишче, атар на село Владимирово, каде опожарена е мала површина на мешана шума и сува трева. 

Пожарот на градската депонија Виница во место викано Лесковски пат е веќе локализиран, но не и целосно изгаснат

Ставен е под контрола пожарот, кој избувна меѓу селата Матејче и Виштица, каде гори сува трева и грмушки. Интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило. 

Пожар на отворен простор има и во атарот на село Отља, кон село Матејче. Во гаснењето на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со противпожарно возило, четворица полицјаци од ПС Матејче, како и 30-тина граѓани од село Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЦУК: „Јасен“ е чист, нема жаришта

Следна објава

Административците ќе почекаат да завршат изборите за да добијат 30 отсто плус на плата