Српските медиуми ги советуваат туристите: Најевтин бензин и нафтa има во Македонија

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар. Најевтино ќе биде ако го направат тоа во Македонија, каде што дизелот е 1,21 евро или во Босна и Херцеговина, каде литар дизел е 1.245 евра, но сепак треба да се внимава на патарините, кои се зголемени од април, пишува Б92.

Нашиот народ најчесто оди на море во Црна Гора и Грција, а од периодот на пандемијата на коронавирус, на пример, Неум во БиХ и локации во Албанија, како Саранда, станаа популарни. Бидејќи летната сезона штотуку започна, потребно е да се направи добар план за полнење гориво бидејќи тоа е еден од најголемите трошоци од домашниот буџет.

Ако се упатите кон морето преку Македонија, не двоумете се да наточите гориво бидејќи за околу 60 евра ќе можете да наполните полн резервоар со еуродизел, ако се земе предвид дека просечниот капацитет на еден резервоар е 50 литри. Исто така, добро ќе поминете и во БиХ бидејќи ќе ви требаат околу две евра повеќе од тоа. На овој начин ќе заштедите околу 2.000 динари во однос на полнење гориво во Србија, пишуваат медиумите во Србија.

Бензинот во Босна и Херцеговина е 1,32 евра, а во Македонија околу 1,30 евра. Во Хрватска цената на еуродизелот е 1,24 евра, додека премиум варијантата е околу 1,60 евра, а бензинот 1,32 евра.

Во Црна Гора литар еуродизел е 1,34 евра, а литар еуросупер, односно бензин 1,53 евра. Литар бензин во Грција е најскап и е 1,86 евра, а дизелот е 1,55 евра, додека во Албанија дизелот на пумпите се продава по цена од 1,51 евро.

Секоја од овие земји во регионот има свои принципи при објавувањето на новите цени на горивата, но тие најчесто се менуваат на неделно ниво.

Претходна вестОпштините добиле налог да проценат колку бездомни кучиња се на улиците
Следна вестЗа една ноќ во Скопје уапсени се 13 лица поради поседување дрога