„Сите членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати, да ни се придружите во сабота во 12 часот и 5 минути од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите, минималната плата, мора да се зголемат на сите,” повика денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Тој истакна дека работниците мора сами да се борат за своите примања, бидејќи, како што рече, другите нема да се борат наместо нив. Според него, платата што работниците ја добиваат е резултат на нивниот труд, пот и мака, а не подарок од работодавачите.
Трендафилов оцени дека предложеното усогласување на минималната плата од 1.667 денари е недоволно во услови на постојан раст на трошоците за живот.




