Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Институциите да постапат за сомнежите во енергетскиот сектор

СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион? СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

Од СДСМ порачаа дека очекуваат надлежните институции, вклучително и јавниот обвинител Љупчо Савески, да ги истражат, како што велат, „бизнис шемите“ поврзани со премиерот Христијан Мицкоски.

Од партијата наведуваат дека антикорупцискиот тим веќе изнесувал информации во јавноста за наводна мрежа на блиски лица поставени на клучни позиции, особено во енергетскиот сектор. Според нив, станува збор за систем кој, како што тврдат, функционира преку поврзани интереси и влијанија.

СДСМ оценува дека институциите треба да постапат и да утврдат дали постојат основи за понатамошна истрага, нагласувајќи дека транспарентноста и отчетноста се клучни за довербата на граѓаните.

Воедно, од партијата посочуваат дека очекуваат правдата да важи подеднакво за сите, без разлика на функцијата, и повикаа на темелно расчистување на сите сомнежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Протестот бил политички, не синдикален

Следна објава
Воените операции во Иран голем трошок за САД, Пентагон побара нови 200 милијарди долари за оружје

Воените операции во Иран голем трошок за САД, Пентагон побара нови 200 милијарди долари за оружје