Стариот аквадукт пак ги доби старите ветувања

Се сеќавате ли колку пати до сега стариот скопски аквадукт добиваше ветувања дека ќе биде заштитен и реставриран? Со години се редеа и фотографираа градоначалници и министри околу него и редеа милозвучни реченици – културниот споменик ќе биде спасен.

Сега е време на предизборие, но можеби тоа е случајност што ете ти пак министри се врткаат околу аквадуктот. Овој пат тоа министерката за култура, Ирена Стефоска. Таа вети дека заборавот и немарноста кон оваа феноменална градба ќе биде исправена. Министерката изрази уверување дека институциите ќе ги вложат сето знаење и умешност во неговата заштита и, како што рече, имаме обврска акведуктот да го промовираме пред светот, кој ја препознава вредноста на овие споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации.

Останува да видиме дали ќе биде така. Аквадуктот е навикнат да слуша се и сешто и да чека. За среќа градителите пред вековите добро го направиле па ете уште може да издржува секакви ветувања.

Инаку, Владата неодамна донесе одлука за прогласување на акведуктот за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Е, оваа одлука е од исклучително значење…

Претходна вестМакедонија – Ерменија: Без победник и без постигнат гол
Следна вестКолку години им треба за реконструирање 10 километри автопат од Катланово до Петровец?