Студентски отпор со повик до колегите да се придружат на масовен протест за да упатат порака до МОН дека повеќе вака не може.
И покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец Октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 февруари како краен рок сепак денес нашите трансакциски сметки останаа празни. Средства кои денес ги немаме, а сме приморани да ги користиме за покривање на трошоците за запишување на семестар и останати тековни трошоци за студирање, се вели во соопштемнието на Студентски отпор.
„Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок. Поради таа причина и слични други, како што е доцнењето на финансиската помош за превоз и честото лажење на МОН, ние, студентите, најавуваме МАСОВЕН протест во понеделник во 16:00 на 05.02.2024 пред МОН. Ги повикуваме сите наши колеги, другари да ни се придружат масовно на овој протест упатувајќи порака до МОН дека повеќе вака не може. Ако не се избориме сами за своите права, тогаш кој? Ако не сега, кога? Понеделник во 16:00 се гледаме пред МОН!