Темен режим Режим на светлина

Судење за случајот онкологија 2: Сведок од ДЗР изнесе сознанија за неправилности во работењето на клиниката

Судење за случајот онкологија 2: Сведок од ДЗР изнесе сознанија за неправилности во работењето на клиниката Судење за случајот онкологија 2: Сведок од ДЗР изнесе сознанија за неправилности во работењето на клиниката

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за онкологија.

Ова го изјави денеска претставник од Државниот завод за ревизија, на продолжението од судењето за случајот „Онкологија 2″.
Неправилностите биле утврдени во делот за пописот на средствата, планот за набавка на биолошка терапија и во тоа што на Клиниката не биле донесени медицински протоколи.
Во случајот „Онкологија 2″ им се суди на поранешните директори Нино Васев и Нехад Нухи.

Тие се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.

Двајцата обвинети ја негираат вината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Средната возраст на населението во Mакедонија е 42,21 години и забрзано уште старее

Средната возраст на населението во Mакедонија е 42,21 години и забрзано уште старее

Следна објава
Тивката епидемија на емоционална зависност: Зошто генерацијата што има сè – се чувствува празно?

Тивката епидемија на емоционална зависност: Зошто генерацијата што има сè – се чувствува празно?