Темен режим Режим на светлина

„Џандар збира“ најмногу играл во Тетово и Велес, одземени 90 возила во февруари

„Џандар збира“ најмногу играл во Тетово и Велес, одземени 90 возила во февруари „Џандар збира“ најмногу играл во Тетово и Велес, одземени 90 возила во февруари

Полициските контролите на патиштата се засилени, но се уште е силно и убедувањето на некои возачи дека и понатаму можат да се однесуваат недоговорно кон сообраќајните закони и правила.

Месецов полицијата одзела 90 возила, најмногу во Тетово – 14. Меѓу градовите кои предничат со неoдговорни возачи се и Велес, каде биле одземени 13 возила, во Битола – 12 и Струмица и Куманово со по 11.

Најчеста причина за одземање е управување без возачка дозвола – кога лицето никогаш не полагало, кога му е трајно одземена дозволата или кога вози и покрај изречена привремена забрана.

Возилата се чуваат во полициски станици, а понатамошната постапка ја водат Обвинителството и судовите, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според најновите податоци, сепак, минатата недела е регистрирано и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци евидентирани од системот, што дава надеж дека засилените контроли веќе влијаат врз дисциплината на возачите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
По две децении Драчево повторно доби кино

По две децении Драчево повторно доби кино

Следна објава
При толку вода, во Струга нема здрава вода, ќе има ли одговорност за тоа кој го остави градот жеден?

При толку вода, во Струга нема здрава вода, ќе има ли одговорност за тоа кој го остави градот жеден?