Добро е, нивото на реките се намалува низ Македонија. Од Центарот за управување со кризи велат дека нема опасност од нови излевања, а на територијата на Кичево, се очекува понатамошна стабилизација на состојбата.
Ветерот ни ја заврши работата, ги растера облаците и дождот. Ама сега пак ветерот ни е проблем. Синоќа и утрово јаките ветрови направија хаос онаму каде човекот не направил доволно тоа да не се случува. Со Скопје се срушија дрвја и столбови со кабли – оштетени се возила, а во Гевгелија ветрот откорна кров од средно училиште. За среќа нема повредени.
Проблеми со ветерот има и во тетовско.
И така, во Македонија се нешто времето ни е виновно, кога ќе испливаат на површина човечките неспособности?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






