Втора недела Струга нема чиста вода за пиење, затоа што главниот извор е загаден. Низ градскиот водовод тече заматена и небезбедна вода, па граѓаните живеат како во вонредна состојба.
Додека службите прават анализи, а обвинителството отвори истрага, суштинското прашање не е само кој ја загадил водата – туку кој дозволил
извор што напојува цел град да стане ранлив и незаштитен.
А Струга не е изолиран случај. Тетовци со години пијат вода со сомнителен квалитет и чекаат филтер-станица што се ветува со децении. Во Куманово и Гевгелија во повеќе наврати имаше рестрикции и предупредувања за неисправна вода, а десетици рурални средини зависат од локални водоводи без системска контрола и третман. Речиси секое лето некој град се соочува со недостиг на вода. За дефекти на дотраени цевки и да не зборувме.
До кога ќе биде вака? При вода, да се нема вода за користење. И до кога нема да има казни за причинителите на проблемите?
Ако денес прстот се вперува кон каменолом што се сомничи дека придонел за загадувањето на струшкиот извор, тогаш мора да се впери и кон тие што
дозволиле експлоатација на камен во близина на извор. Ако е таму проблемот треба да се реши сеопфатно, за да нема сличен проблем повеќе.




