Темен режим Режим на светлина

Светска банка: Во Македонија несразмерно се намалуваат реалните приходи на сиромашните

Погодена од војната во Украина и енергетската криза, Северна Македонија се соочува со највисока инфлација досега, со што несразмерно се намалуваат реалните приходи на сиромашните, се наведува во редовниот есенски извештај за Западен Балкан што ја вклучува и Македонија.

Со ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци за финансирање, според Светска банка, фискалната поддршка треба да се насочи кон најранливите домаќинства и фирми. Во исто време, затегнувањето на монетарната политика треба да постигне рамнотежа помеѓу сузбивање на инфлацијата и избегнување на забавена економска активност.

– Поддршката на Владата за енергетски ранливите групи е важен чекор во вистинска насока, но мерките треба да бидат насочени и временски ограничени за да се минимизираат фискалните ризици, рече Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Македонија и Косово во својата видео-изјава објавена на презентацијата на извештајот во Скопје.

Според Паолучи, во исто време, и фокусот треба да продолжи да биде на долго-одложуваните структурни реформи за да се поттикне растот и да се отворат нови работни места.

Според извештајот, таквите реформи вклучуваат мерки за зголемување на нивото на пазарна конкуренција, отстранување на бариерите за влез на бизнисите, подобрување на задржувањето на реинвестирањето кај странските инвеститори, намалување на бариерите за учество на женската работна сила, подобрување на квалитетот на образованието и подигнување на стандардите за управување, вклучувајќи ја и дигитализацијата.

Тековната криза, исто така, ја истакнува важноста од забрзана зелена транзиција во регионот, подалеку од волатилните јаглеводороди кон почисто производство на електрична енергија, како и поеколошки модели на производство и потрошувачка, се вели во извештајот.

Во најновиот редовен економски извештај за Западен Балкан се оценува дека економската состојбата во сите шест економии на Западен Балкан и понатаму е под влијание на тековната војна во Украина и наглото зголемување на цените на енергијата, како и забавување на глобалниот раст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за тајни имоти нека ги достави до Антикорупциска

Следна објава

Арсовска: Јавно обвинителство и други институции да реагираат за да се спречи заканата  Скопје да остане без вода