Темно Режим Светло Режим

Телефонска измама во Битола: Пензионер останал без 10.000 евра

Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра

83-годишен жител на Битола бил измамен за 10.000 евра, откако непознато лице телефонски се претставило како лекар и го довело во заблуда дека неговата внука е тешко повредена и итно ѝ е потребна операција.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 24 февруари 2026 година во 13:30 часот во СВР Битола. Измамникот му се јавил на повозрасниот маж и му кажал дека неговата внука паднала по скали и се здобила со сериозни повреди, поради што биле потребни пари за итен хируршки зафат.

Верувајќи во приказната, битолчанецот ги предал парите на лице кое дошло пред неговиот дом. Подоцна, по разговор со својот син, сфатил дека станува збор за измама и случајот го пријавил во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Истрагата се проширува – обдукцијата откри насилна смрт кај двете жени во Старо Нагоричане

Истрагата се проширува - обдукцијата откри насилна смрт кај двете жени во Старо Нагоричане

Следниот Пост
Историско раѓање во Лондон – бебе родено по трансплантација на матка

Историско раѓање во Лондон - бебе родено по трансплантација на матка