Првпат во едно деноноќие ниту еден возач не поминал на црвено светло, барем таму каде што следи будното око на „Сејф сити”. Системот очигледно почнува да дава резултат: возачите се смирија пред крстосниците и внимателно чекаат да се запали зелено.
Но, додека расте дисциплината на возачите пред семафорите, другите прекршоци остануваат голем проблем.
Полицијата секојдневно информира дека лови во просек по петнаесетина возачи без возачка дозвола, со изречена забрана за управување или пијани.
Нив камерите на Сејф сити не може да ги лови, затоа е потребна уште поголема контрола од сообраќајната полиција, за и овие недисциплинирани возачи да се доведат во ред.
Без решавање на проблемот со пијаните и неодговорните возачи, безбедноста на сообраќајниците нема да биде комплетна.





