Центарот за управување со кризи соопшти дека, според известување од ЕВН Македонија, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (26 февруари 2026) ќе има привремен прекин на електричната енергија во повеќе скопски населби.
Без струја во периодот од 04:00 до 08:00 часот ќе бидат делови од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, односно населбите Бутел и Север, Топанско Поле и дел од Чаир, како и Шуто Оризари и Визбегово.
Од ЕВН информираат дека прекинот е поради технички активности за одржување и модернизација на електродистрибутивната мрежа, со цел обезбедување постабилно и поквалитетно снабдување со електрична енергија.
Надлежните апелираат граѓаните навремено да ги организираат своите обврски и да преземат соодветни мерки додека трае прекинот.





