Тепачка на базен во Штип пред очите на децата: Мажи и жени разменуваа боксови, клоци, кубење за коси…

Локалната Телевизија Стар вчера објави снимка од тепачка што се случила на Градскиот базен во Штип, кој е во состав на новоизградениот аква- парк отворен во јуни пред две години.

На снимката може да се види како мажи, жени и млади си разменуваат тупаници, клоци, а потоа со тупаници и удари со нозе силата ја мерат и три жени, односно две жени тепаат една која е легната на земја. Повозрасен маж брка и удира поситно момче..

Тепачката се случувала пред очите децата кои зачудено ги гледаат возрасните како дивјачки се пресметуваат и се кубат за коси, а никаде нема редарска служба да интервенира.

Тепачката наиде на осуда од граѓаните, кои ја оценија како пример на краен примитивизам и срам. Многумина прашуваат како може да функционира базен без никакво обезбедување, со оглед дека тепањето трае подолго време без некој да интервенира.

Претходна вестМицкоски на средба со „Вајмарската тројка“: Уставни промени во околности на политички диктат не се прифатливи
Следна вестОхридското Езеро се уште се брани од фекалиите што директно се испуштаат во него