Темен режим Режим на светлина

Тоневски: Делото на Преподобен Гаврил Лесновски е трајна инспирација за духовните вредности

Во чест на денешниот празник посветен на Преподобен Гаврил Лесновски, во Лесновскиот манастир беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која присуствуваа голем број верници.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, посочи дека делото и духовното наследство на Гаврил Лесновски и денес претставуваат силна инспирација, потсетувајќи на значењето на молитвата, смирението и пожртвуваноста за доброто на ближните.

„Овој празник нè потсетува на вредностите кои треба да ги негуваме како заедница – меѓусебна почит, духовност и грижа еден за друг“, истакна Тоневски, упатувајќи честитка до сите верници со порака „За многу години празникот!“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Коњановски: Општина Битола гради 6 нови паркинг простори

Коњановски: Планинарскиот дом „Копанки“ следната сезона ќе ги отвори вратите за посетителите

Следна објава

Нов систем, нула трошоци: Советот на Битола преминува на електронско гласање