Темен режим Режим на светлина

Тоневски најави изградба на градски базен

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нов, модерен градски базен кој ќе го врати симболот на летото, радоста и детството во градот.

„Пробиштип беше еден од првите градови со свој базен – место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите спомени под сонцето. Време е повторно да го вратиме тој дух и да отвориме ново поглавје за сите наши сограѓани“, истакна Тоневски.

Новата современа база ќе биде наменета за сите возрасти – од најмалите кои учат да пливаат, до повозрасните кои бараат простор за релаксација и дружење. Според Тоневски, проектот ќе биде место на заедништво, здравје и нови спомени што ќе ги поврзат генерациите.

„Ова не е само инфраструктурен проект, туку инвестиција во нашето секојдневие, во квалитетен живот и во иднината на нашите деца. Пробиштип заслужува место каде повторно ќе се слуша смеа, радост и енергија“, порача Тоневски.

Тој додаде дека граѓаните на 19 октомври имаат шанса да направат „вистински избор“ – за себе, за своето место и за својата иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Коњановски: Со гордост ја одбележуваме 80-годишнината на ФК Пелистер

Следна објава
Николоски: Со овој тим, ВМРО-ДПМНЕ ќе победува и на следните избори

Ние не ветивме туку се зафативме за работа, Љуботен и Љубанци ќе имаат чиста вода за пиење, кажа Николоски