Темен режим Режим на светлина

Трамп го одложи воениот напад врз Иран, остава простор за договор прифатлив за Вашингтон

Трамп пак со закани кон Иран и со критика до НАТО земјите Трамп пак со закани кон Иран и со критика до НАТО земјите

Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Трут сошал, објави дека одлучил да го одложи воениот напад врз Иран, закажан за денеска, по повиците од лидерите на Блискиот Исток, истовремено нагласувајќи дека им наредил на вооружените сили на САД да бидат подготвени веднаш да започнат со операции.

Трамп одлучи да го одложи нападот врз Иран откако разговараше со Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Претседателот на САД во пораката му се закани на Иран дека доколку не постигне договор прифатлив за Вашингтон, како и за сите земји од Блискиот Исток и пошироко, тогаш ќе нареди започнување на воени операции против Исламската Република.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Наместо луксуз за функционерите, 600 евра минимална плата

СДСМ вели дека Мицкоски намерно ја кочи уставната измена за да го блокира процесот на евроинтеграција

Следна објава
Преку Конго епидемијата на ебола се шири и во соседните земји, СЗО прогласи меѓународна здравствена криза

Преку Конго епидемијата на ебола се шири и во соседните земји, СЗО прогласи меѓународна здравствена криза