Темен режим Режим на светлина

Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон

Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа ја повика Куба да постигне договор со Вашингтон, но во исто време ја отфрли можноста за воена операција со цел соборување на режимот во Хавана.

-Куба во моментов е банкротирана држава, изјави Трамп.

На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што, според неговите наводи, постапиле во јануари со Венецуела и претседателот Николас Мадуро, Трамп одговори: „Не мислам дека тоа би било потребно“.

Куба со години се соочува со економски притисоци поради американското ембарго, а во последниот период и со дополнително заострување на мерките. Земјата се справува со сериозен недостиг на гориво и чести прекини во електроснабдувањето.

По изјавите поврзани со ситуацијата во Венецуела, Трамп најави дека Хавана повеќе нема да добива нафта од Каракас и се закани со зголемување на царините за земјите што би извезувале нафта за Куба, при што како пример го посочи Мексико.

Недостигот на гориво, според него, претставува „хуманитарна закана“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Дожд во поголемиот дел од земјата, снег на планините

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Дел од Скопје денеска без струја поради зафати на мрежата