Тридневната празнична манифестација „Новогодишна приказна” од 28 до 30 декември ќе организира општина Кисела Вода во паркот „Шопен”.
Во рамки на прославата посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на повеќе македонски пејачи, а паркот ќе биде празнично уреден, со поставени новогодишни куќарки и содржини наменети за посетителите.
Посебно внимание ќе биде посветено и на најмладите, а бесплатни новогодишни пакетчиња ќе добијат сите дечиња од Општината.



