Темен режим Режим на светлина

Тројца палестински студенти застрелани во САД, еден е во критична состојба

Американската полиција и федералните агенти трагаат по вооружен маж кој застрела и рани тројца студенти од палестинско потекло во Бурлингтон, Вермонт, за што истражителите се сомневаат дека е злосторство од омраза, соопштија органите за безбедност. Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата млади на улица во близина на Универзитетот во Вермонт во саботата вечерта, а потоа побегнал.

-Сите се на возраст од 20 години и примаат медицинска нега. Двајца се наоѓаат во стабилна состојба, додека третитот има сериозни повреди, изјавија од полицијата, за локалните американски медиуми.

Студентите биле застрелани на улица додека се враќале од посета на роднина во Бурлингтон за празникот Денот на благодарноста. Од полицијата посочија дека двајца од младите носеле куфии, традиционални арапски црно-бели шамии, во моментот на нападот.

— Без да каже нешто, напаѓачот испукал најмалку четири истрели од пиштолот, а потоа побегнал, рече началникот на полицијата во Бурлингтон, Џон Мурад, додавајќи дека двајца биле погодени во торзото, а третиот во долните екстремитети.

Властите веруваат дека „нема дополнтелна информација за мотивот на осомничениот.“ Детективи работат на местото на настанот и земаат примероци, додека од Федералното биро за истраги изјавија дека „се подготвуваат да го истражат“ инцидентот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кога Владата ќе каже колку пари мора Македонија да инвестира во ХЕЦ „Чебрен“, проект кој ќе биде даден на странци?

Следна објава

Ако изборите бидат на 8 мај, Ковачевски најдоцна до 26-ти јануари ќе треба да поднесе оставка