Припадници на српското МВР, поточно Антитерористичката специјална полициска единица, денеска уапсиле тројца припадници на специјалната единица на косовската полиција. За акцијата бил информиран претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
– Со брза и ефикасна акција на српската полиција, успешно беше спречен обидот на таканаречената косовска полиција да изврши акција на територијата на централна Србија, што по сите параметри е терористички акт, а со цел дополнителна дестабилизација и ескалација на конфликтот насочен против Република Србија. Тројцата уапсени биле вооружени со автоматско оружје, во целосна борбена опрема и со ГПС уреди и мапи, се вели во соопштението на српската полиција а пренесува „Тајнуг“.
Според весникот „Блиц“ станува збор за лицата Рифат Зека, Беќир Сефа и Мустафа Шем.





