На 18.12.2020 во 19:45 часот на Плоштад Македонија во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Д.(25) и О.Б.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени пиротехнички средства.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по Законот за заштита од експлозивни материи.