Темен режим Режим на светлина

Уапсени Грци на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај нив пронајдена дрога

Тројца Грци се уапсени на регионалниот пат Дебар-Маврово. Во возилото со кое патувале било пронајдено марихуана.

– Вчера околу 12 часот на регионалниот пат Дебар-Маврово, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Жировница ги лишиле од слобода К.Ф.Н.(22), Н.А.(21) и К.К.(20), сите од Грција. При преглед во патничко возило сузуки со грчки национални ознаки, кое го управувал К.Ф.Н., а сопатници биле Н.А. и К.К., кај Н.А., биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пандев останува претседател: Ќе доведеме тренери од Италија и максимално ќе вложиме во младинската школа

Следна објава

Невреме во Македонија: Затворени автопати, повеќе градови со големи штети од град и силен ветер