Урната уште една бесправна доградба на деловен објект во општина Центар. Работници и механизација делуваа врз објект на улица Орце Николов во Дебар Маало, кој бил поставена без одобрение за градење и на јавна површина која е предвидена да им служи на сите граѓани. Градителот на спорниот објект „Екотон Дизајн” не постапил по решението за отстранување издадено од градежниот инспектор.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека општината нема да дозволи узурпирање на јавниот простор и дека секој бесправен објект ќе биде санкциониран со решенија и постапки за негово целосно отстранување.
Инаку, пред два дена општина Центар урна и доградба на ресторан во Дебар маало кој го блокираше тротоарот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





