Вандализиран и пред да се отвори, Македонскиот клуб во Благоевград остана без буквата „М“

Натписот на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, којшто наскоро треба да биде отворен, стана предмет на вандализам. Се уште непознати сторители од името на клубот ја извадиле почетната буква „М“, а за што денеска информира Здружението Нов АСНОМ.

-Се уште неофицијално отворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград, вчера беше предмет на вандализам од страна на непознат сторител/и на кого му смета се што е Македонско во Република Бугарија. Како што ни јавија нашите пријатели од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, во текот на вчерашниот ден беше извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, информираат од НОВ АСНОМ.

Здружението наведува дека овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција.

-Владата во Европска Бугарија не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваковиот вандалски чин. Од друга страна, нашата влаада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Договор, точката 11 алинеја 5 од истиот, се наведува во соопштението.

Инаку, Македонското меѓународно движење за човекови права деновиве објави дека го финансира отворањето на Македонскиот културен центар Никола Вапцаров во Горна Џумаја (преименуван во „Благоевград“ од страна на Бугарија), Пиринска Македонија.

-Официјалната церемонија ќе се одржи на 30 октомври 2022 година, информираат од ММДЧП.

Културниот центар ќе биде управуван од Македонското друштво за заштита на основните човекови права, организација која се залага за угнетеното македонско малцинство во Бугарија, а ќе продолжи да се финансира од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Претходна вестИ две деца меѓу деветмина повредени во сударот на булеварот „Словенија“
Следна вестДизелот поскапува за два денара, бензините со иста цена