Темен режим Режим на светлина

Ветерот помогна, во Скопје и Струмица престанаа да важат препораките за аерозагадувањето

Престануваат да важат препораките за зголемено аерозагадување во Скопје и во Струмица, соопшти денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Повикувајќи се на податоците од Државниот автоматски мониторинг на воздухот Министерството соопшти дека концентрацијата на ПМ 10 честичките е под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар.

-Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем на 4.1.2024, среднодневните концентрации на ПМ 10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, информираат од Министерството.

Мерките и препораките за зголеменото аерозагадување во главниот град стапија во сила на 27 декември.

Дел од препораките беа ослободување од работа на бремени жени, лица постари од 60 години, како и лица со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Во Скопје денес изутрина индексот на загадување беше 81, а со што градот беше на 32 место во светот според нивото на загаденоста на воздухот. Од вчера на подрачјето на Македонија дуваше и умерен ветер кој помогна значително да се намали загадувањето коешто беше присутно во изминативе две недели.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци

Следна објава

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини