Темен режим Режим на светлина

(Видео) Ѓорѓиевски и Шукова се „пецнаа“ за депонијата Вардариште

Од октомври, како што најави кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе започне темелен процес за правилен третман на отпадот, целосно чистење и уредување на просторот на Вардариште.

„На местото на депонијата ќе биде изграден еден од најголемите паркови во Скопје, со површина од 300.000 квадратни метри, кој ќе претставува нова зелена оаза и „бели дробови” на градот, истакна Ѓорѓиевски.

Од друга страна пак, неговата противкандидатка од СДСМ изјави дека или Ѓорѓиевски свесно манипулира или воопшто не знае што зборува. Шукова објасни дека во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без никаква подлога и е локација со висок ризик по здравјето и животната средина.

„Уште во 2017 година, со поддршка од ЕУ, е изработена детална техничка документација со која јасно се предвидува: Вардариште треба да биде локација за современа претоварна станица за отпад. Тоа е единствениот стручен и легитимен план. И јас стојам зад тој план”, изјави Шукова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Левица со предлог-закон иницира ограничување на учеството на армијата во странство само ако се одобрени од обединетите нации

(Видео) Мециновиќ: Левица им овозможи на скопските средношколци конкретни придобивки

Следна објава

(Видео) Герасимовски ќе ја обновува запуштената куќа Музеј на Есма Реџепова