Врвен приоритет за Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-
ДПМНЕ ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар „Македонија“ под комплексот „Лимак“ и изградбата на три кружни текови на влезот и излезот од оваа сообраќајница.
„Со вистинска стратегија, одговорно управување и постојано вложување, јавниот превоз
ќе стане двигател на урбаниот развој на Скопје,“ вели Ѓорѓиевски, уверувајќи дека
модернизацијата на превозот и расчистувањето на клучните сообраќајни тесни грла ќе
бидат темел на неговата програма за подигнување на квалитетот на живот во главниот
град.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





