Кандидатите за градоначалници се растрчани уште овие неколку часови пред да заврши кампањата вечерва на полноќ. Партиите брзаат, ловат нови гласови, ветуваат, но и преговараат со оние кандидати кои отпаднаа вопрвиот круг.
Што на ова поле направи СДСМ?
Венко Филипче во неделата најави дека „најкасно до среда” ќе објави со кого и каде ќе коалира неговата партијаво вториот круг на локалните избори. Сепак денес на прес-конференција изјави дека нема да прави коалиција со никоја друга партија за взаемна подршка во вториот изборен круг, туку остава на членството и симпатизерите на СДСМ сами да одлучат за кого ќе го дадат својот глас, ама нагласи и дека очекува да продолжи падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, спротивно на ова синоќа на кафе муабет за Карпош се дружеа Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ и Маја Мојсова кандидатката на СДСМ која испадна по првиот круг. Во паника од Партијата на Филипче поитаа да дадат соопштение дека ќе побараат објаснување од нивната кандидатка за оваа средба.
Дали е на повидок непослушност кај дел од социјалдемократите кон иструкциите на Филипче? Се отвораат и друго прашање: дали СДСМ и Филипче увидоа дека немаат контрола врз разочараните сопартијци па затоа и не тргнаа во отворени коалицирања, оти по гласањето ќе се види дека не можат да испорачаат тоа што ќе договорат.



