Темен режим Режим на светлина

(ВИДЕО) Скопје се поврзува авионски и со Неапол и Будимпешта преку „Виз ер“

Вонредно слетување на лет од Скопје поради здравствен проблем на патник Вонредно слетување на лет од Скопје поради здравствен проблем на патник

Со субвенции од Владата, „Виз Ер“ ќе воведе две нови линии од скопскиот аерoдром кон Неапол и Будимпешта.

Како што соопштија министер за транспорт Александар Николоски и Јозев Варади, главниот извршен директор на „Виз Ер“ предвидено е следната година да се продолжи со зголемување на дестинациите на кои ќе се лета директно од македонските кон европските аеродроми.

Николоски соопшти дека „Виз Ер“ ќе го зголеми капацитетот на патници за околу 50 проценти од следната година и ќе понуди 3,3 милиона седишта за Македонија. Директорот на „Виз Ер“, информираше, дека ќе има постојана флота со шест авиони на Скопскиот аеродором.

Покрај од Скопје, авиокомпанијата ќе воведе и три нови линии од Охрид.

Претходно делегацијата на „Визе Ер“ беше на прием кај премиерот Христија Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните

Коњановски: Реализирани стотици проекти за модерна и европска Битола

Следна објава

(ВИДЕО) Шукова и Трајановски со поддршка за протестот пред депонијата „Вардариште“