Темен режим Режим на светлина

Владата денеска ќе го разгледа големиот проблем со издавање пасоши

Десет милиони денари разлика во угостителските услуги на СОЗР Десет милиони денари разлика во угостителските услуги на СОЗР

Владата на седница денеска ќе го разгледува големиот проблем кој самата го направи околу издавањето на патни исправи.

По големиот хаос и понижувањето кое го трпеа граѓаните се очекуваат конечно конкретни мерки кои би го забрзале процесот.
Со денови пред пунктовите кои беа отворени за фотографирање на граѓаните се затекнува истата слика со огромни колони граѓани кои чекаат во ред, дури и од 04:00 часот наутро и на мраз и на дожд.

Некогаш, мора да се вратат и по неколку денови.
Вчера, во интервју за ТВ Телма техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски рече дека во наредниот период ќе бидат отворени нови пунктови, а ќе било воведено и двосменско работење.

Во функција ќе бидат сите базни станици и нема веќе фотографирање без термин.
Тошковски изјави и дека она што до сега било направено биле само популистички мерки кои биле слабо менаџирани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

За пофалба е: И Македонија веќе не заостанува во освојување на воздушниот простор

Следна објава

„Ќе пратит владици Грци, лицем светци, срцем в’лци..“ пишуваше Глигор Прличев, запаметен како „македонски Хомер“