Темен режим Режим на светлина

Пожарот на Попова Шапка сам се угасна, се уште горат трева и грмушки високо на планината Жеден

Пожарот на Попова Шашка кај селото Вешала во Општина Тетово во текот на ноќта се самоизгаснал од ниските температури. Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот била зафатена поголема површина со сува трева, папрат, смрека и ситни грмушки.

Екипи на Националниот парк „Шар Планина“ се наоѓаат на местото на пожарот и вршат обиколка на опожарената површина. Екипите, додаваат од ЦУК, вршат и контрола на теренот за да се спречи евентуалното повторно самозапалување на огнот.

Утринава сè уште активен е пожарот околу врвот на планината Жеден, но со намален интензитет. Од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициската станица Сарај информираат дека околу врвот на планината Жеден гори претежно трева и евентуално грмушки.

Поради можноста во текот на денот тој да се разгори, од ЦУК велат дека ќе биде надгледуван. Вчера од скопската Бригада на ППЗ информираа дека поради ноќните услови и непристапниот терен пожарникарите не можеле да интервенираат.

– За гаснење на пожарот на отворено на планината Жеден е ангажиран еден полициски хеликоптер. Гори само трева на тешко пристапен терен, нема опасност по населени места или било какви други објекти, велат од ЦУК.

Фото: Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Ќе пратит владици Грци, лицем светци, срцем в’лци..“ пишуваше Глигор Прличев, запаметен како „македонски Хомер“

Следна објава

Земјоделците од северозападна Грција ќе ги блокираат камионите на ГП Ники од и кон Македонија