Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе декларација во Собранието за зацврстување на темелот и ликот на Делчев

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собраниеto ќе поднесе декларација со која сакаат да добијат поддршка од сите политички партии, и парламентарни и вонпарламентарни, за зацврстување на темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.

-Очекувам сите политички партии без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот да ја поддржат декларацијата, рече денеска лидерот Христијан Мицкоски кој не сакаше да даде повеќе детали за содржината на декларацијата и најави посебна прес-конференција на оваа тема во Собранието.

Во врска со најавата за заедничко чествување на Гоце Делчев, Мицкоски нагласи дека нема ништо против ако се слави тој како голем Македонец и македонски син.

-Ако се слави 150-годишнината од раѓање на големиот Македонец, македонски син Горѓи Гоце Делчев немам против, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали наа средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков биле побарани некакви отстапки од него и од неговата партија, Мицкоски истакна дека не станало збор за некакви отстапки, туку само барање за вметнување на дел од бугарскиот народ во Уставот, што веќе било кажано во јавноста.

-Никакви отстапки не бараа од мене Бугарите. Го споменаа тоа што го кажаа и во јавноста за промена на Уставот и да биде вклучен дел од бугарскиот народ, незначително малцинство во Македонија во Уставот. Тоа побараа. За тоа не се подготвени на реципроцитет за значителен дел на македонскиот народ што живее во тој дел кај нашиот источен сосед. И не се подготвени да ја тргнат понижувачката фуснота од македонскиот јазик што е кодифициран и засебен и различен од бугарскиот, рече Мицкоски.

Според него,  суштината на сите барања на Бугарија, па и на заедничката историја е обид да да ја злоупотребат положбата што се членка на ЕУ да не натераат да прифатиме дека од среден век – од првото бугарско царство до 1945 година имаме заедничка историја и сме биле еден народ – Бугари. Тоа, нагласи, нема никогаш да го прифатиме.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Историчари и интелектуалци: Правото и светата должност да се чествува Гоце Делчев им припаѓа само на Македонците

Следна објава

За три часа проверени 328 возила кои превезуваат деца - 23 биле технички неисправни