ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бега од избори оти има помал рејтинг од Мицкоски

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски е исплашен од избори и затоа што неговиот личен рејтинг е скоро 4 пати помал од рејтингот на претседателот Мицкоски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека 17.7 отсто од граѓаните даваат поддршка за Мицкоски, додека само 5.5 проценти за Ковачевски.

„Во СДСМ знаат дека поддршката кај граѓаните од ден во ден е се помала за нив. Според последните мерења на мислењето на јавноста ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 22.5% наспроти 17.9%. Народот се повеќе се одлучува за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае кој може да ги решава нивните проблеми и кој може да го реализира ветеното. Јасно е зошто е стравот во СДСМ. Но тие мора да сфатат дека иднината на државата не смее да биде заложник на нивната желба за власт“, велат од партијата.

Тие најавија дека во текот на претстојната недела ќе поднесат законски измени до Собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ ги повика и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ“, додаде ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестТрет викенд по ред недела е неработен ден
Следна вест165 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење