Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Заев веќе втор ден се крие од јавноста за трагедијата во Тетово. Дознавме дека моралната одговорност на Филипче ќе зависела од истрагата. Но Филипче треба да знае дека морална одговорност не се утврдува, туку треба да се чувствува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие траорни моменти најважно е да се има јасна слика за истрагата и преземање на одговорноста. Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче. Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка.

Треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата. Зошто министерството на Филипче не може да го гарантира здравјето на граѓаните?“ се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нула промили алкохол за сите возачи

Следна објава

168 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење