ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници: Муцунски во Аеродром, Коњановски во Битола

Професори, доктори, стопанственици, но и нови имиња, се меѓу новите осум кандидати за градоначалници што ги објави ВМРО-ДПМНЕ.

За Општина Аеродром е предложен Тимчо Муцунски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан први”, актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Карпош Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог, за Општина Битола Тони Коњановски, специјалист епидемиолог и советник во Советот на општина Битола, за Општина Струмица економистот Жан Дрвошанов, за Општина Кичево доктор Александар Јовановски, за Општина Крива Паланка поранешниот директор на Центарот за култура, Александар Рангелов, за Општина Старо Нагоричане филологот Велибор Денковски, а за Општина Долнени е предложен Ладо Глигороски кој активно се занимава со земјоделство.

Претходна вестШести ден: Наместо попишување, се исправаат техничките проблеми во апликацијата
Следна вестЗа пет недели починале 678 лица, од нив 12% со една доза вакцина