Во БиХ уапсени шестмина цариници поради примање мито

Извршена е рација и уапсени се шестмина цариници денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение за примање мито, потврди Обвинителството на БиХ.

Постапувајќи по наредба на Судот на БиХ, членовите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) извршија рација во објектите каде што се наоѓа регионалната канцеларија на Управата за индиректно оданочување (ИТА) во Тузла. Полицијата претресувала објекти и во Бјелина, Градачац и Лукавац.

Тие биле насочени кон вработени задолжени за спречување на царински прекршоци и криумчарење.

-Осомничените примале подароци или други форми на бенефиции за да не преземат официјални активности за откривање нелегален увоз на стока на територијата на БиХ, се наведува во образложението на Обвинителството на БиХ.

Инаку, слична акција била спроведена и во февруари 2019 година, кога биле уапсени 11 цариници, кои исто така биле обвинети за примање мито и несовесно работење во службата.

Претходна вестМакедонија повторно оценета како „хибриден режим“ од „Екониомист“
Следна вестЕдинствено се знае дека вакцинацијата ќе почне со кинески вакцини, но кога?