Темен режим Режим на светлина

Во Битола и Охрид пронајдени неексплодирани гранати и рачна бомба

Неексплодирни убојни средства вчера биле пронајдени во Битола и во Охрид и безбедно се отстранети, информираат од Ценгтарот за управување со кризи.

Вчера на улицата „Баталјон Стив Наумов“ бр.22 во Битола биле пронајдени и отстранети 145 артилериски гранати од 75 мм од Прва светска војна. Четири артилериски гранати биле подигнати и во близина на училиштето „Тодор Ангелевски“ во Битола.

Во Охридско, пак, безбедно е подигната и отстранета една рачна бомба од Втора светска војна, во близина на хотел „СУ“ во Охрид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дарко Димитриев избран за спортист на годината во Кавадарци

Следна објава

Откриена и одземена поголема количина на прехранбени производи во близина на Танушевци